Admin

Admin

Тајната на Карадак

Тајната на Карадак

Тивкиот призвук на северниот ветер  полека ги исполнуваше проториите на пунктот Кодра Фура. Сериозно ме ставаше во мисла наближувањето на зимскиот провев и пресметував дека наскоро до крајот на Септември рапидно ќе се намалат температурите на овој рид стациониран на 1500 м надморска височина. Златестиот сјај се распростираше во далечината кон село Танушевци и градите ги исполнуваше  еден убав и пријатен воздух кој на мигови потсеќаше на некогашниот барут и несигурно чувство кое ги исполнуваше околните ридишта во не толку далечниот конфликт. Сега тие ридишта се еден недопрен рај, токму поради страшните зборови на кои потсеќаше. Погледот ми одеше кон Ибраим маало кое се наоѓаше најблиску од сите куќи од Танушевци, но сепак изгледаше волшебно убаво. Ѕвоната во околните ридишта укажуваа дека некаде во близина се движат овчари кои постојано се довикуваа со непослушните овци и ги гонат големите овчарски кучиња на поголема активност....

Page 2 of 6 1 2 3 6