Додека повеќето очекуваат економскиот раст да се концентрира во централните скопски општини, Чучер Сандево тивко гради своја деловна приказна. Според анализата на „Бизнис Мрежа“, во 2024 година оваа општина бележи речиси двојно зголемување на приходите кај најуспешните компании, стабилен раст на добивките и динамика што ретко се гледа во рурални средини.
Најголем дел од економската активност е концентрирана во индустриската зона, но и с.Бразда, кое се претвора во индустриски и логистички хаб. Од 10-те најуспешни компании во општината, дури 8 се регистрирани токму таму. Причините? Стратешка локација, близина до главниот град, пристап до патишта и можност за развој на големи деловни објекти

Пиходите – скок од 95% за една година
Во 2024 година, топ 10 компаниите во Чучер Сандево оствариле вкупен приход од 40 милиони евра, што е раст од 95,12% во споредба со 2023 година (20,5 милиони евра).
Добивките достигнале 4,5 милиони евра, што е зголемување од 15,38%.
Бројот на вработени останува речиси непроменет – 639 лица, со минимален пад од 0,31%.
Лидери по приход
- Текноксгруп Македонија – ексклузивен претставник на Caterpillar, со 9,5 милиони евра приход и раст од 126,78%.
- Сити Клуб – сектор игри на среќа, со 6,7 милиони евра и раст од 33,81%.
- А-Инвест – транспортна компанија, со 4,9 милиони евра и раст од 13,06%.
Меѓу најбрзорастечките се:
- Филип Инженеринг – градежништво, раст од 56%, приход од 3 милиони евра.
- СИМ-Мил Солушн – дуплиран приход (од 1,1 на 2,2 милиони евра).
- Жито Центар – стабилен раст од 3,12%, традиционален производител на леб и печива.
Добивките – кој знае да управува со пари?
Ако приходот покажува обем, добивката открива ефикасност. Најпрофитабилна е:
- Сити Клуб – добивка од 1,08 милиони евра, раст од 535%.
Следуваат: - Супер Брокер АД – осигурителен посредник, со 858,7 илјади евра, иако со пад од 35,57%.
- Супер Ауто Контрол – технички прегледи, со 806,4 илјади евра, раст од 25,72%.
Интересен пресврт:
- Синтек Инженеринг – од само 21,6 илјади евра во 2023, годинава има 227,4 илјади евра, раст од 950%.
Вработеноста – стабилна, но без експанзија
Вкупно 639 лица работат во топ 10 компании, речиси исто како лани.
Лидер е Л3РН со 216 вработени (раст од 28,57%).
Сити Клуб има 118 лица, стабилно како претходната година.
Најголем пад бележи Интер Ал Пин – од 78 на 43 вработени (намалување од 44,87%).
























