Во 21-виот век, додека гледаме кон Западот – уредни села, чисти улици, грижа за екологијата – ние се враќаме назад. Наместо да се движиме кон урбан развој, полека, но сигурно заличуваме на Шутка.

Дали ова е иднината што ја сакаме?
Кога ќе се приоѓате кон нашата општина било од магистралниот пат кој Косово или пак од страната на Бутел, првото нешто што го забележувате не е убавината на природата, туку депониите кои никнуваат на секој агол. Фрлени троседи, фотељи, стари апарати и градежен шут – ова е реалноста која сите ја гледаме. Наместо уредни зелени површини, имаме хаос кој не само што ја нарушува естетиката, туку и го загрозува здравјето и безбедноста на жителите.
Ова не се изолирани случаи – ова е секојдневие. Депониите растат, а никој не реагира. Срамота е да зборуваме за големи проекти кога живееме меѓу отпади кои никој не ги собира.
Каменоломот – проблем кој не исчезнува
Ако мислите дека депониите се единствениот проблем, погледнете кон Бразда. Каменоломот таму е извор на постојана прашина која во летните месеци го покрива зеленилото и автомобилите. Сликата е како да заврнал снег – но тоа не е снег, туку прашина која ја вдишуваме секој ден.
Главната улица, наместо да биде чиста, е полна со песок и вода не е решение! Се создава кал што камионите го разнесуваат. Автомобилите изгледаат како да сме орале со нив. Ова не е нормално за општина која сака да се развива.

Реалноста која не смееме да ја игнорираме
Ова не се ситници – ова е слика за запоставеност. Ако продолжиме да молчиме, ќе станеме пример за хаос, а не за развој. Драги читатели, ова е нашата секојдневна реалност и време е барем да зборуваме за неа.
























