
Кога Господ ја дарувал Скопска Црна Гора, изгледа дека се забиравук со давањето.
Живописна природа, чист воздух, кристална вода, шуми, одлична местоположба, пространа и богата со манастири и цркви, со планински патеки и здрава почва – место со огромен потенцијал за развој на органска храна и здрав живот.
Но, и покрај сето тоа, нашата општина никако да тргне во вистинската насока. Наместо да ја чуваме и развиваме оваа убавина, ние како да бараме начин како да ја уништиме.
Минатото имаше визија – денес имаме апатија
Се сеќавам на времињата кога имаше иницијативи, кога постоеше идеја и желба да се создаде нешто вредно. Еден од тие обиди беше Ф.К. Скопска Црна Гора, клуб кој никогаш не ја доживеа својата вистинска слава.
Сонувавме за денови кога на локалниот терен ќе гледаме млади таленти од нашите простори како се развиваат од најмала возраст до вистински фудбалери. Кога неделата ќе биде ден за сите жители — ладно пиво, спорт, дружење и гордост за своето место.
Замислете недела попладне, натпревар на првиот тим, младинците кои учат од повозрасните, а родителите со жар ги следат „петлињата“ и кадетите во нивниот раст. Таква слика за жал никогаш не ја доживеавме.
Зошто?
Затоа што никој не се сети да изгради една спортска сала или да создаде услови каде што општината би застанала зад еден спортски клуб, без разлика кој спорт е во прашање.
Ниту една вистинска поддршка, ниту еден проект што ќе поттикне здрави навики, спортски дух и заедништво.
Чучер-Сандево можеше да биде гордост на Скопска Црна Гора – место каде што луѓето се дружат, разговараат и го поминуваат времето со насмевка.
Но, наместо тоа, поважно ни беше да создадеме ништо – освен неколку метри асфалт и два-три тендери за чистење снег а ни се продава како исторсики успеси.
Од спортски дух до „мал Лас Вегас“
Наместо да инвестираме во младите, им подаривме казина на секој агол и празни игралишта. Единствена работа што ги доближи младите до бавење со спорт се автобуските станици каде не би мрзнеле чекајки го автобусот за на тренинг! Денес децата имаат повеќе шанси да одат во казино отколку на тренинг!
Украсени со сите бои, направивме да светат, а не забележавме дека со секое светло гасиме по една спортска надеж.
Наместо полни стадиони, гледаме полни казина.
Наместо здрава младост со спортски дух, гледаме изгубен потенцијал.
А сите знаеме – од таму нема да излезе гордост на нашата општина.
























